Апликација за управување со Човечки ресурси

Детален преглед на сектори/одделенија и работни места во Вашата компанија, евиденција на вработени, отсуства и годишни одмори, генерирање на прегледи, извештаи, решенија...

  • Систематизација на работни места. Можност за внесување повеќе систематизации, од кои само една ќе биде активна.
  • Креирање и уредување сектори/одделенија и работни места во рамките на активната систематизација.
  • Пополнети шифрарници за образование, степен на стручна подготовка, националност, државјанство, градови, држави, јазици, празници, типови на отсуства и др.


  • Податоци за секој вработен групирани во повеќе категории: Идентификација, Лична карта, Семејна состојба, Образование, Работен однос и Стаж.
  • Автоматско креирање на корисничко име и лозинка за секој вработен со кои ќе можат да се најавуваат на системот.
  • Распределба на вработените на работни места според активната систематизација. Можност за избор на различни типови на вработување, како и различни типови на престанок на работен однос.
  • Евиденција на отсуства. Креирање на барања за отсуство и одобрување/одбивање на истите од страна на претпоставен. Автоматско генерирање на соодветни решенија.
  • Автоматска распределба на денови за годишен одмор за секој вработен соодветно.

  • Прикажување на податоци и печатење на извештаи.
  • Автоматско печатење на решенија за секоја одлука на Службата за Човечки ресурси, според теркови кои Вие ќе ни ги доставите.
  • Едноставно пребарување и филтрирање на податоците.
  • Генерирање на Excel извештаи.
  • Можност за повеќејазичност.
  • Можност за модуларна надоградба.