Апликација за Безбедност и здравје при работа

Ние се грижиме никогаш повеќе да не заборавите обврска поврзана со БЗР

Апликацијата ги опфаќа сите функционалности потребни за водење евиденција во областа на безбедност и здравје при работа, изработена според најновите законски прописи.

Модулот може да функционира самостојно, но и како интегриран дел од ЕРП софтвер поврзан со персонална евиденција, плати, основни сретства и магацинско- материјална евиденција

ПОТСЕТНИЦИ според одреден временски интервал. Известувања кои вработени треба да бидат пратени на лекарски преглед или обука, известувања на кои вработени им завршува времетрањето на одредена заштитна опрема...

Праќање е-маил потсетник до вработените за извршување на следен преглед. 

Праќање pdf упат за преглед на емаил за избран вработен. 

ПОТСЕТНИЦИ за работната средина според одреден временски интервал. Известувања на кои средства за работа, на кои контролни прегледи и на кои мерки за работната средина треба да се извршат повторни прегледи.

Целосна евиденција на лекарски прегледи, вакцинации, извршени обуки и задолжена заштитна опрема за вработените. 

Експорт на податоци во Ms Excel. 

Водење евиденција за предвидените лекарски прегледи, точки, обуки и заштитни опреми според работното место, кои ни помагаат во водењето евиденција за вработените. За полесно одредување кои лекарски прегледи или обуки се направени за тој вработен, а кои според неговото работно место се потребни да се направат.

Евиденција за работна околина. Водење евиденција за спроведените испитувања на физичките, хемиските и биолошките штетности на микроклимата во работните и помошните простории. 

Водење евиденција по локации на фирма како и можност за водење евиденција за повеќе фирми.

Функционалности на системот:

  • Администраторски модул, кој управува со евиденцијата на корисници на апликацијата и нивните привилегии за пристап. 
  • Шифрарници за типови лекарски прегледи и елементи на лекарските прегледи, типови вакцинации, обуки, заштитна опрема, кои овозможуваат добивање на аналитички прегледи 
  • Евиденција на предвидени лекарски прегледи, вакцинации и обуки, како и предвидена задолжена заштитна опрема за секое работно место. 
  • Евиденција за повреди на вработени и печатење извештај за известување за несреќа на вработен. 
  • Евиденција на контролните прегледи и колективните несреќи за компанијата. 
  • Превземање на податоците од евиденциите во Ms Excel. 
  • Печатење извештај за несреќа на работа, на законски образец.
  • Печатење извештај со вработени за лекарски прегледи, обуки и/или при задолжување со заштитна опрема. 
  • Издавање соодветен упат за одреден лекарски преглед.

Комплетна евиденција – досие за секој вработен почнувајќи од неговите лични податоци, стручното обучување и оспособување на вработениот за безбедна работа, извршени прегледи, заболувања, повреди при работа или смртни случаи. 

Печатење на известување за несреќа за одреден вработен.

Зошто нашиот софтвер?

Поради тоа што нашиот експертски тим постојано ги следи сите законски регулативи во Р.Македонија, што овозможува навремено имплементирање и надградба. 
Поради нашето досегашно искуство со апликации во разни области.
Поради нашиот интерес да се понуди интегриран систем кој обезбедува целосна евиденција.
Поради можност за висок степен на заштита на податоците.
Поради постоењето на различни улоги на корисници, можност за нивно менаџирање и флексибилност на доделување и одземање на определени функции и акции кон корисниците од страна на администраторот.
Поради можноста за интегрирање со други апликации.
Поради тоа што нашата компанија нуди соодветна подршка и одржување со соодветно backup-ирање на податоците.
Поради целта да се овозможи софтверско решение кое е флексибилно и едноставно за користење.

Зошто Microsoft .NET околина?

Microsoft .NET околината е проверена општо светски прифатена технологија која го следи развојот на хардверските компоненти и нуди богата палета на алатки за брз развој на нови функционалности. Инсталацијата на клиентска страна е многу едноставна.

Системски побарувања:

Апликацијата работи на следниве платформи: 

• Windows XP, Windows Vista, Windows 7, Windows 8

• MS SQL Server - база на податоци 

Со мали модификации, модулот може да се направи да функционира и на други DB engines - MySQL, MS Access, Oracle и др.

Основни бенефиции на Microsoft .NET околината:

  • клиентски пристап до повеќе сервери - начини на поврзување: локална мрежа, DialUp конекција или широкопојасен Internet 
  • заштита на податоци преку различни нивоа на сигурност и употреба на единствени лозинки за секој корисник 
  • брзо пребарување на податоците низ базите -можност за развој на Web- сервиси за лесно интегрирање со други системи работени во различни околини 
  • транспорт на податоците до оддалечени локации