Апликација за Очни поликлиники и болници

Помош при вашето работење

Клучни карактеристики и бенефиции

Апликацијата ги опфаќа сите функционалности потребни за евидентирање на пациентите и нивно електронско досие. 

Дефинирање на кабинети и услуги со ценовник според потребите на корисникот 

Календар на неработни денови 

Внес на дијагнозите според меѓународната класификација на болести 

Електронски картон за секој пациент 

Електронско закажување на термини за пациентите  

Отварање на историја за пациентот и евидентирање на сите интервенции за секоја историја 

Автоматска пресметка за една интервенција или за сите интервенции од историјата 

Додавање на слики во евиденцијата од современите компјутеризирани уреди за прегледи и испитување на пациентите 

Самостојно креирање на прегледи според потребите на корисникот, со задавање на критериуми и можност за експортирање во Excel

Функционалности на системот:

Администраторски модул, кој управува со евиденцијата на корисници на апликацијата и нивните привилегии 

Картотека на пациенти со адресни и општи податоци за пациентот 

Шифрарници за кабинети, услуги, дијагнози и др. 

Закажување на термини за пациенти, со можност за откажување на терминот и презакажување 

Преземање на пристигнати пациенти од доктор 

Евидентирање на извршени услуги со сите потребни податоци, како и евидентирање на посебни испитувања (ехографија, глауком, OCT) 

Печатење на извештај од извршените прегледи и рецепт за очила 

Пресметка за извршени услуги со печатење на фискална сметка и образец за пресметка 

Дневни и периодични прегледи 

Креирање на сопствени прегледи

Зошто нашиот софтвер?

Поради целта да се овозможи софтверско решение кое е флексибилно и едноставно за користење.
Поради нашето досегашно искуство со апликации во разни области.
Поради нашиот интерес да се понуди интегриран систем кој обезбедува целосна евиденција.
Поради можност за висок степен на заштита на податоците.
Поради постоењето на различни улоги на корисници, можност за нивно менаџирање и флексибил- ност на доделување и одземање на определени функции и акции кон корисниците од страна на администраторот.
Поради можноста за нтегрирање со други апликации.
Поради тоа што нашата компанија нуди соодветна подршка и одржување со соодветно backup-ирање на податоците.
Поради тоа нашиот експертски тим постојано ги следи сите законски регулативи во Р.Македонија, што овозможува навремено имплементирање и надградба.

Зошто Microsoft .NET околина?

Microsoft .NET околината е проверена општо светски прифа- тена технологија која го следи развојот на хардверските компо- ненти и нуди богата палета на алатки за брз развој на нови функционалности. Инсталацијата на клиентска страна е многу едноставна.

Системски побарувања:

Апликацијата работи на следниве платформи: 

• Windows XP, Windows Vista, Windows 7, Windows 8

• MS SQL Server - база на податоци 

Со мали модификации, модулот може да се направи да функционира и на други DB engines - MySQL, MS Access, Oracle и др.

Основни бенефиции на Microsoft .NET околината:

  • клиентски пристап до повеќе сервери -начини на поврзување: локална мрежа, DialUp конекција или широкопојасен Internet 
  • заштита на податоци преку различни нивоа на сигурност и употреба на единствени лозинки за секој корисник 
  • брзо пребарување на податоците низ базите -можност за развој на Web- сервиси за лесно интегрирање со други системи работени во различни околини 
  • транспорт на податоците до оддалечени локации